Андријана Јаневска искрено за ќерката на Мелита Ракичевиќ: Пее подобро од многу професионалци

Ќерката на поранешната позната водителка Мелита Ракичевиќ, 16-годишната Барбара Ракичевиќ која е водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, неодамна ја издаде својата прва песна „Посилно од сè“.

Под музичкото парче стои познатата пејачка и професорка Андријана Јаневска, која има само пофални зборови за својата ученичка.

- Слушнете како пее мојата ученичка Барбара Ракичевиќ. Кога се договаравме да ѝ напишам песна, стиховите и мелодијата сами излегуваа. Се гордеам со неа! Емотивна, музикална, паметна и најубава- напиша таа и го објави видеозаписот од песната на својот профил на Фејсбук, а под истиот доби најразлични коментари.

На еден од нив Андријана врати со „Тоа е ваше мислење, а моето е дека пее подобро од многу професионалци иако има само 16 години.“