Стил на денот: Мелита Ракичевиќ и сандалите со пердув

Добивај вести на Viber

Привлекува огромно внимание каде и да се појави. Телото го доведе до совршенство, изгледа импресивно и се облекува отмено. 

Поранешната тв. водителка Мелита Ракичевиќ има армија од обожаватели на социјалните мрежи, а скоро секојдневно објавува модни фотографии и интересни стилски комбинации. 

На една од најновите фотки носи елегантни сандали со висока потпетица во сребрена боја, надополнети со кристали. Она што секако е највпечатливо е белиот пердув кој како украс уште повеќе ја засилува елеганцијата.