„На чекор од брегот“ е новата песна на Ламбе: Напишана е во еден здив, по тешкиот период

Долго време, Ламбе Алабаковски имаше желба да ја израдува својата публика со нова песна, а и себеси. По осум години пауза, поп-пејачот кој минатата година со семејството се врати од САД во Македонија, денес на пладне, најавува нова музика од него. 

Ламбе на Инстаграм напиша дека излегува „На чекор од брегот“, и кажа дека изминатиов период бил тежок за него.

- Мили мои, со многу љубов и ентузијазам работевме изминатиот тежок период на новиот проект „На чекор од брегот”. НОВА ПЕСНА и НОВО ВИДЕО! Останете добри и очекувајте наскоро, 12/07/2022, 12:00 напладне“, напиша Ламбе.

За Женски магазин, тој накусо ги раскажа деталите за песната со симболичен наслов, која е работена со негови драги колеги и пријатели. 

- Песната е снимена е кај Димитар Андоновски а музиката ја направи Александар Тарабунов.  Текстот е на Зоран Стојановски- Зонде. Оваа песна се направи во еден здив од сите, и така ќе ја пеат сите, верувам“, ни раскажа Ламбе.


Во претходно интервју за Женски магазин, тој најави дека работи на нова песна. Откако се врати од Америка, тоа беше негова голема желба која му се исполни.

Заедно со бендот настапуваме секоја недела во ресторан и бар “Аурум” во Битола, одлична храна, професионална услуга и тим кој победува, пријатна атмосфера. Имам и понуди за други градови и сме во тек, мислам ќе имаме одлична сезона, многу датуми се веќе закажани. Еве прилика и да ги поканам сите заедно да се дружиме со убава песна! Би сакал што поскоро да се случи нова песна и видео и работам интензивно на случајот, со Божја помош ќе имаме нешто ново за брзо време“, кажа Ламбе во велигденското интервју за Женски магазин.

Ламбе изминатиов период доби силна поддршка од народот, откако ја запали вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Имаше доста настапи меѓу кои и на настанот „Балкан гала“ во Битола, заедно со Камерниот орекстар. На битолското ракометно игралиште, тој пееше свои хитови, а со српската пејачка Гоца Тржан ја испеа „1200 милји“, песна која Тржан ја сними со Тоше Проески.

На 16 јули, тој заедно со повеќе македонски и регионални пејачи, ќе настапи на „Пиво фест“ во Прилеп. 

М.Џаровска