На денот на свадбата, невестата добила подарок кој не бил за неа: Кога го отворила, не можела да ги сопре солзите

Невестата по име Кајла Реи ги воодушеви своите следбеници на TikTok откако објави искрен момент од денот на нејзината венчавка. Непосредно пред да оди по патеката, таа добила подарок од нејзиниот иден сопруг - но подарокот изненадување не бил за неа. Всушност, бил наменет за некој кој сè уште воопшто не постои.

На денот на нивната венчавка, младоженецот ѝ подарил на својата сакана нараквица која нивното прво дете ќе ја носи на неговата свадба. Видеото предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а кајнекои дури и солзи, а прегледано е повеќе од 4 милиони пати.

Идната невеста Кајла Реи се подготвувала да се омажи за љубовта на нејзиниот живот Тери. Непосредно пред почетокот на големиот ден, таа била изненадена кога добила подарок од нејзиниот вереник - кој не бил наменет за неа. Кога ја отворила малата кутија за подароци, нашла нараквица со порака на неа.

Откако ја прочитала пораката, Кајла дознала дека нараквицата со пораката била наменета за денот на венчавката на нивното прво дете,кое требало да се роди наскоро.

- За нашето првороденче, ова е подготвено за тебе, на денот на свадбата наша (на тато и мама) во 2023 година. Сакав да набавам нешто што ќе трае со години и што ќе го носиш на денот кога ќе одиш по олтарот... - чита невестата во видеото борејќи се со солзи.


- Во моментов не знаеме како изгледаш, како изгледа твојата насмевка, дали си смешнко како татко ти или духовит како мајка ти, но во овој момент, денес, знаеме дека си сакано затоа што ќе те имаме како продолжение на нашата љубов – продолжува да чита.

Кога завршила со читањето, Кајла повеќе не можела да ги задржи емоциите и очите и биле исполнети со солзи.

- Ова е многу слатко! Навистина добро си ја завршил работата – му порача на својот сопруг.

Многумина исто така беа обземени од емоции во нивните коментари.

„Ова е неверојатно“, „По ова би морала повторно да се шминкам затоа што буквално плачев на глас“, „Ова е неверојатно убава слика за вистинска љубов, за тебе и љубовната приказна на твоето семејство“, „Тој е толку желен и подготвени да создаде живот со тебе“, се дел од коментарите на следбениците на TikTok.


Фото и Видео: ТикТок