„На ќерка ми ѝ купив стан, а таа ме исфрли на улица! Ме избегнува, а јас едвај преживувам“

Добивај вести на Viber

Родителите честопати, во желба да им помогнат на своите деца, знаат да направат погрешни потези кои на крајот можат да ги чинат. Така е и М.М. од Загреб, пред 20 години го продала својот стан за да купи поголем со ќерката, каде подоцна живееле заедно. Меѓутоа,после се‘  оваа жена завршила на улица.

Таа стапила во контакт со Правно-советодавната служба на Сојузот на хрватските пензионери за да види дали може да го спаси својот имот.

„Станот е купен на име на ќерка ми, а јас дадов половина од парите, а тие пари и ги дадов без никаков договор“, започна таа.

Како што вели, се‘ било во ред додека нејзината ќерка не нашла нов партнер и не побарала да го продаде станот и да се исели.

„На крајот го продаде станот, а новите сопственици насилно ме избркаа. Сега сум потстанар веќе пет години и едвај преживувам. Ќерка ми повремено ми плаќа кирија, но не сака да зборуваме за целата ситуација, а всушност и за долгот кон мене, многу ретко комуницираме, а и ме избегнува, што да правам?“, праша оваа жена од Загреб.

Набргу по нејзиното признание следеше одговорот.

„За жал направивте голема грешка кога без никаков документ и ги дадовте парите на вашата ќерка. Веруваме дека и самите сега сфативте дека заедно требало да го купите станот и да се регистрирате како косопственици на станот. За жал доцнае  за тоа“, стои во одговорот на адвокатот на СУХ.

Исто така, мајката доцнела со евентуално барање да се утврди евентуалната сосопственост на станот преку суд. Таа исто така доцнеше да побара враќање на парите. Според правниот советник тоа барање требало да го поднесе во моментот на продажба на станот, пишува моевреме.

„Со оглед на тоа што не сте поднеле никакви формални барања за права на вашата ќерка врз основа на парите што сте ги дале за станот, а поминало многу време, сега немате шанси успешно да ги покренете тие барања и некои формални процедури. Финансиската состојба е толку лоша што ја загрозува вашата егзистенција, ве советуваме да се обратите во Заводот за социјална работа, за да ги видат можностите за постигнување на некакви форми на помош, но и за советување во однос на барањата кон вашата ќерка, бидејќи децата се должни да ги издржуваат старите и изнемоштени родители кои сами не можат, ако тие ги издржувале своите деца“, заклучуваат адвокатите на СУХ.


Фото: freepik