На новите фотографии Моника Белучи е двојно послаба од порано: Жената се стопи, а проговори и за новото момче (ФОТО)
Моника Белучи ја краси септемвриската насловна страница на шпанското издание на магазинот „Harper's Bazaar“, а италијанската дива го одзема здивот на новите фотографии! Таа покажа многу витка линија, послаба од порано, во неколку многу елегантни комбинации. Таа позираше во гламурозен црн фустан, а потоа во мрежест комбинезон над кој нагрна долг капут.
Белучи во септември полни 59 години, но сепак плени со својата грациозност и харизма, а дефинитивно и понатаму е една од најубавите жени на светот.
Да потсетиме, таа во јуни годинава ги потврди шпекулациите дека е во врска со познатиот режисер Тим Бартон, а во новото интервју накратко се осврна на нејзината љубовна приказна.
„Најдов прекрасен дух во Тим. Запознав спектакуларна душа“, коментира таа.
Инаку, Моника Белучи и познатиот Американец се забавуваа тајно со месеци, пред јавно да ја обелоденат својата романса.
Зборувајќи за неговата работа, таа рече дека има голема почит кон ликот и делото на Бартон. „Го сакам овој свет од соништата каде чудовиштата се љубезни, како да можеме да ги претвориме нашите темни делови во нешто светло, простување. Филмовите на Тим Бартон се доказ за тоа“, објасни таа.
Моника и Тим првпат се сретнаа пред 16 години, но парот почна да се забавува во октомври 2022 година, откако повторно се сретнаа на филмскиот фестивал Лумиер во Лион.
Моника во интервју за „Harper's Bazaar“ истакна и дека славата е меч со две острици и дека се труди голем дел од својот живот да го задржи приватен: „Славата е меч со две острици, предизвикува многу љубопитност, а исто така доведува до конфликтни чувства. Кога не работам, сакам да водам нормален живот - одам на шопинг, ги носам ќерките на училиште...“