Здравје // Совети
НА РАБОТА САМО СО ВАКЦИНА, НЕГАТИВЕН ПЦР ИЛИ ПОТВРДА ЗА ПРЕЛЕЖАН КОВИД: Филипче и Комисијата за заразни болести предлагаат поригорозни мерки
Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, веднаш по состанокот со членовите на Комисијата за заразни болести, објави дека донеле одлука за нови рестриктивни мерки кои ќе ги предложат до Владата.
-Донесовме одлука на Владата да и предложиме, сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во владините институции за одење на работа да имаат потврда за примена најмалку една вакцина, или да имаат негативен ПЦР тест кој ќе важи 72 часа и кои ќе го прават на сопствен трошок, како и потврда за прележан ковид не постар од 45 дена. Исто така ќе препорачаме задолжителна вакцинација против ковид за сите здравствени работници, нагласи министерот Филипче.
Детали читајте на Фактор тука.