На сите дами им препорачувам кантарионово масло за добар тен: Мисицата Билјана Јаневска од плажите во Црна Гора

Македонската мисица, манекенка и модел Билјана Јаневска деновиве ги поминува во Црна Гора.

Таа таму е на одмор со пријатели, а местото каде одмара е Улцињ. 

За Женски магазин, Билјана кратко изјави дека после две години поради приватни причини и ковид, повторно има можност да ужива на плажа и да ги полни батериите.


Таа низ смеа ни раскажа дека на граница поминала брзо и доколку некој сака да го доживее истото слободно да ја земе со себе.

„Црна Гора ја одбрав затоа што Улциј и ред други мееста ми се рај за душата и мир и спокој. Фамилијарни туристички места се, и нема галама. Вистински одмор. За човек како мене што е мултитаскинг и што сака секаде сè да постигне му требаше Црна Гора. Ако е за диско и гласна музика можам и во Скопје“, вели Јаневска.


Познатата мисица морето ја асоцира на животот.

„Кога е мирно морето и нема бранови е прекрасно за доживување. За разлика од брановите, како доаѓаат се поголем и поголем бран ме потсетуваат на проблемите во животот со кои што практично постојано се соочуваме. Ние се смееме и скокаме на нив, но кога ке дојде огромен бран ќе не мавне и ќе потонеме во длабочините на морето. Нема шала со нив. Затоа и пријатно ми влијае. Ме полни со батерии. Не знам уште каков се не бран ме чека во животот па да бидам спремна (се смее). Имаме и опција за крстарење и би сакала да ја искористиме. Тука сум со пријатели. И оваа година немам партнер со мене. Така требало да биде, вели искрена Билјана.


Ја прашавме и дали внимава на исхраната додека е на одмор или пак си дозволува повеќе од она кон што се придржува додека е дома.

„Внимавам што јадам, избегнувам леб, вода постојано ми бара организмот зошто морето, само по себе влече.

Претежно  јадам зеленчук, и многу сезонско овошје. 


За крај Билјана на сите дами им препорача кантарионово масло ако сакаат да фатат добра боја и тен.


ФОТО: Приватна архива


Пред огледало со Билјана Јаневска: Со многу пешачење и течности ја одржувам линијата