Пред огледало со Билјана Јаневска: Со многу пешачење и течности ја одржувам линијата
Билјана Јаневска е позната македонска мисица, манекенка и модел .
Минатата година стана Прва придружничка на изборот за убавина Мис модел туризам во светот и се закити со три престижни награди за убавина.
Моментално работи како заменик раководител во одделението за техничко оддржување во депонијата Дрисла, а е дипломиран инженер по екологија и Магистер за управување со отпад.
Таа вели дека убавината ја наследила од мајка си, а во редовите подолу ни ги открива ритуалите за убавина.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
- Станувам секое утро во 5 и 30 часот. Затоа што работам во Депонија Дрисла и малку ми е далеку од Козле до с. Батинци.
Не нанесувам одма шминка не сакам да го мачам лицето.
Откако ке го испијам на работа првото утринско кафе, затоа што дома немам време за тоа тогаш почнувам со витамински ритуал на лицето.
Користам козметика од Авон, прво го чистам лицето со памук и мицерална вода потоа нанесувам масло за лице,витамин Ц, дневна крема и Anew Solar Advance, anti aging sum protection исто од Авон.Потоа почнувам со шминкање. Обично нанесувам не толку јака шминка за на работа. Сепак работам во Депонија. И без шминка да се појавам повторно сум свежа затоа што рано си легнувам и внимавам на своето здравје. Ставам прво сенка на очите, потоа моливче, римел и трепки некогаш ако сум расположена. Но и моите ми се океј па не е толку страшно. На крај ставам пудра исто од Авон Serum Foundation таа е течна и потоа цврста пудра и руж Авон True glow bronzing pearls. Потоа ставам Nude кармин и тоа е тоа. Подготвена сум за на работа.
* Со какви препарати го негувате лицето?
-Повеќето се влажни креми затоа што моето лице е суво, користам дневна и ноќна маска, на тој начин и издвојувам неколку минути за себе, со оглед на моето темпо кое што е турбо. На тој начин моето лице добива сјај и освежително зрачам. Немам брчки и пори сѐ уште е рано за тоа но како велат „Боље спречити него лечити“.
* Посетувате ли козметички салони?
- Секако дека посетувам козметички салон, изразнав во Салон Елит, газдарицата Светле буквално знае како дишам. Таа ме претвори во вистинска жена. Обавезно еднаш неделно правам третман на лице т.е. Цаци на лице. Со тоа правам длабока хидратација, го враќам природниот баланс на лицето, ја ревитализирам кожата, добивам сјајна и хидрирана кожа. Третманот Цаци на лице е безболен, ги брише брчките, и се препорачува и за најосетливата кожа. А резултатот по мене може да го видите.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
- За нега на коса ... прво ја мијам со Wash N go шампонот, потоа ја сушам малку со крпа косата затоа што треба да биде сува пред да и ставам маска. Маската ја оставам 5 до 7 минути да делува и потоа ја заплакнувам. Ја сушам со фен долго време затоа што имам предолга коса и ептен густа. А пред фенирање ставам спреј за заштита од топлина од Авон. Со тоа се намалува губењето на хидратацијата на косата при топлинско обликување, пеглање и фенирање. За обликување ставам крем од Авон, спреј за заштита и обновлив сјај. Овој спреј не се плакне. И основно како за крај серум за врвови.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
- Леле подочниците обавезно сакам да ги прикријам затоа што малтене цел живот ги имам. Тоа е заради мојата практично слаба крвна слика. Моите цел живот мака си мачеа со тоа. Кај подочниците нанесувам корективен крем од Авон. Од белиот крем наутро а зеленото пред спиење. На тој начин подуеноста и тенните кругови се намалуваат. Се радувам што откако ги користам Производите на Авон си го најдов спасот за својот сјај на лицето.
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
-Омилени ми се мицералната вода од ДМ за чистење на лицето, веднаш по мицералната вода го заплакнувам со вода лицето. Тонер, серуми за лице и креми. И се тоа од Авон.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Во мојот несесер носам цела шминка, не можам да се снајдам некогаш. Обавезно носам кармин дреч. Затоа што оваа пролет дречот ќе биде во мода.
* Омилен парфем?
- Омилен парфем ми Incandessence од Авон.
* Како ја одржувате линијата?
- Многу пешачам, можеби ќе звучи невистинито со оглед на тоа што сум возач и од Nissanot не излегувам. Де факто живеам во него. Но, пешачам за волjа на вистината и пијам многу течности. Периодов имам симнато 7 кг затоа што постев 49 дена без зејтин строги велигденски пости. Секако метаболизмот ми е таков што и да внесувам од храна оди во задникот. Но, тоа веќе го нема. Сакам каде и се појавам да оставам убав и силен впечаток и како права мисица да доминирам. Вежбам но не толку често, затоа што темпото на живеење ми е драматично и слабеам сама по себе.
Сѐ е мајка природа, и мајка ми била преубава и сѐ уште е со оглед на годините па така да немам потреба од нагли промени.
Не вечерам тоа е основно и најважно за една мисица. Знаете како велат Доручекот задржи го за себе, ручекот подели го со пријателите а вечерата подари му ја на душманот.
*И.С.