На сите им се случило барем еднаш: Најголемата грешка во облекувањето која жените ја прават по 35-та година

Добивај вести на Viber

Стилистот ја истакнува најголемата грешка што ја прават дамите.

Познатиот американски стилист Бред Горески работеше во Вог, како и со ѕвезди како Џесика Алба, Деми Мур и Рашида Џонс, а извесен период беше и еден од водителите на ревијата на Fashion Police. Еднаш тој истакна која е најголемата грешка во облекувањето што ја прават жените по 35-тата година од животот.

Според неговото мислење, на таа возраст најмногу се врзуваме за старата облека во плакарот, што е сосема погрешно.

Она што ни беше интересно на 25 или 30 години, веројатно нема да го носиме на 35 и повеќе години, но и покрај тој факт, не ги отстрануваме од плакарот старите работи кои сме ги надминале и физички и психички.

Затоа е важно постојано да го контролирате плакарот. Извадете од плакарот се што не сте носеле со месеци.

Тогаш ќе ви стане апсолутно јасно што имате во плакарот и што треба да купите.

Освен тоа, на овој начин ќе создадете простор во плакарот за нови работи, вели Бред, кој двапати годишно го чисти својот плакар за да се погрижи во него да има парчиња кои навистина му се допаѓаат и сака да ги носи.

Исто така, Бред забележува дека не треба да бидеме оптоварени со годините и нормите „како треба да се облекуваме“, бидејќи треба да останеме верни на себе.

Фото:Freepik