На состанок со сопругот облекува мини фустан, а на работа огнено црвено: Амал Клуни докажа дека магистрирала мода
Амал Клуни не ги следи модните трендови, таа ги диктира, а овие фотографии се чист доказ за тоа
За Амал Клуни знаеме дека е многу професионална и успешна адвокатка, но и дека успеала да го заведе вечниот и најпосакуваниот ерген на светот. И токму кога решивме да и позавидиме поради тие две работи, таа ни покажа уште една своја експертиаза на која никогаш не сметавме - никогаш не греши кога е модата во прашање!
Тоа го докажуваше ден по ден, кога се појавуваше во деловно издание, а веднаш потоа со сопругот на романтичен состанок. Тие во оваа прилика ги оставија децата дома.
И токму кога помисливме дека не може да биде подобро од ова, г-ѓа Клуни се појави на ноќно излегување со познатиот господин Клуни облечена во краток мини фустан.
Црниот фустан со светки и реси ги покажа затегнатите нозе на сопругата на Клуни, додека актерот гордо ја држеше за рака.
Адвокатката носеше фустан од Ели Сааб со црни чевли со златни врвови и соодветна чанта. Таа ја пушти косата, додека на усните имаше црвен кармин.
foto: Instagram