На ТВ ми е релаксација, дома ми е весело: Искра Канзурова се врати пред камерите
По три години пауза, Искра Канзурова поворно се врати на телевизија, во емисијата „Добар ден, секој ден“, на Алфа телевизија. Шармантната водителка која има долгогодишно Тв искуство и е препознатлива по својот специфичен смисол за хумор и начин на комуникација со соговорниците, вели дека враќањето пред камерите многу ја исполнува.
„На ТВ ми е вистинска релаксација, во убаво друштво, со убави луѓе и одлична екипа. Нова енергија и нова свежа провејува во „Алфа“. Се работи турбо. Мило ми е што имаше ребрендирање и многу нови псила роекти“, вели Искра која емисијата ја води со колешките Ирена Спировска, Анкица Стојановска-Митровска и Ивана Илиевска, секој ден од 12 до 16 часот. И претходниот нејзин Тв проект, „Семеен магазин“ беше на истата фреквенција.
Искра е горда мајка на Матеа и на Меглен. На шега вели дека дека секако откако почнала повторно со емисијата, децата ги гледа „чат-пат“.
„Матеа наполни 11 години, талентирана е за балет, оди во нижо балетско училиште. Многу сум горда на неа, играше во претставата „Кавалериа Рустикана“ во МОБ. Горда сум и на Меглен, тој наполни девет години, тренира фудбал во „Вардар“. Не пропушта ниту еден поважен фудбалски натпревар“, ни раскажа Искра.
„Дома ми е весело. Единствен проблем сега ми е што децата ми се во различна смена. И потребна е организација да не заборавиме некое дете надвор, хахаха. Навечер се пребројуваме, и ако се сите на број, можеме во кревет, хахаха“.
За крај таа додава дека сопругот, Владимир Канзуров ѝ е голема поддршка во работата. „Добар е па слуша, помал е, мора“, вели низ насмевка Канзурова.
М.Џаровска