Надежта умира последна: Мајка со две деца спасена од урнатините по 228 часа
Десетти ден по разорните земјотреси кои погодија делови од Турција и Сирија, а надежта за пронаоѓање преживеани во урнатините секојдневно се намалува. Сепак, дури и кога надежта истекува, чуда се случуваат. Благодарение на натчовечките напори на спасувачките и волонтерски тимови кои деноноќно ги пребаруваат урнатите згради во подрачјата погодени од земјотресот, и денеска се спасени неколку животи. По 77-годишната жена, која беше спасена по повеќе од 220 часа под урнатините, светлината на денот ја видоа и мајка и две деца.
Madenci varsa umut her zaman vardır...
— GENEL MADEN İŞÇİLERİ SENDİKASI (GMİS) (@genelmaden_is) February 15, 2023
Anne ve iki çocuğu 228 saat sonra kahramanlarımız tarafından kurtarıldı.#madeniscisi #deprem #hatay #kahramanmaras #sondakika pic.twitter.com/Y4teOEcZ69
Збунетата жена ги прашала своите спасувачи „Кој ден е денес? откако таа и нејзините две деца беа извлечени од урнатините во Антакија и 228 часа по разорниот земјотрес, а локалните медиуми спасувањето го нарекоа чудо.
Повеќе од девет дена по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, спасувачите сè уште прават натчовечки напори, ги пребаруваат урнатините за преживеани, пркосејќи им на предвидувањата дека времето за преживување е завршено.
Членот на спасувачката екипа Мехмет Ериилмаз го опиша моментот кога ги нашле мајката и нејзините две деца и ги извлекле на слобода.
Hala umut var
— Dr. Mustafa Canbey (@MustafaCanbey) February 15, 2023
Hatay'da anne ve 2 çocuğu 228 saat sonra enkazdan sağ olarak çıkarıldı.
Elhamdulillah
Dayanışma Destanı pic.twitter.com/1ylwJuN8CF
„Мајката беше среќна што не виде. Прво ја држев за рака. Разговаравме и ја смиривме“, изјави тој за Анадолија, додавајќи дека мајката прво побарала вода, но дека поради околностите не смееле да направат ништо без интервенција на прва помош. Потоа ги прашала своите спасители: „Кој ден е денес?
Спасената жена се вика Ела и има две деца, девојче и момче, кои заедно со неа биле извлечени од урнатините. Анадолија извести дека се работи за странска државјанка, но не ја наведоа нејзината националност.
Претходно, тимови во јужна Турција соопштија дека сè уште може да ги слушнат гласовите на преживеаните заробени во урнатините.
ФОТО: Твитер screenshot