Здравје // Совети
НАЕСЕН НОВИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ ОМИКРОН, НО ИНТЕРЕСОТ ВО МАКЕДОНИЈА ПРАКТИЧНО НЕ ПОСТОИ: Во поликлиниките приоритет сега се децата-првачиња
Последната варијанта на корона вирусот, омикрон, мутираше во стелт омикрон, а сега научниците говорат и за новите видови омикрон 4 и омикрон 5. Сосема исто како што беше случајот со омикрон кој прв пат се појави во Јужна Африка, и најновите варијанти, повторно се присутни прво таму, но Европската агенција за лекови иако потврдува дека епидемиолошката состојба со корона вирусот во моментов е стабилна, пандемијата се уште не е завршена.
Научниците работат на вакцини и против најновите варијанти, а според последните истражувања, дури и децата од шест месеци до 5 години ќе можат да примат вакцина против Ковид благодарение на новата вакцина која што фармацевтската компанија Модерна ја прилагоди за таа визраст.