Најбараната фризура за 2022 година: Беше заштитен знак на Памела Андерсон, лесно се прави, одговара на секој облик на лице (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:instagram printscreen

Фризурата на Памела Андерсон, односно „Pammy updo“ дефинитивно е најголемиот хит во 2022 година.

Нема сомнеж дека Памела Андерсон повторно ги добива своите „5 минути“ слава. Додуша, овој пат благодарение на легендарната фризура која ја носеше во деведесетите, која сега се враќа, иако во помодерна верзија.

Станува збор за таканаречената „Pammy updo“, а во последните месеци Ким Кардашијан е една од оние кои токму на овој начин ја обликуваат косата. 

Прамените го врамуваат лицето, додека косата е подигната во висока неуредна пунџа фатена со шнола. Посебен акцент ќе добиете ако малку ги извиткате врвовите на косата, како и шишките.
Инаку, колку е популарна фризурата покажува и фактот дека хаштагот #pamelaandersonhair има над 6,3 милиони прегледи на TikTok.


Вакво нешто изгледа добро без оглед на должината или текстурата на косата. 

Како да направите Pammy updo?


Мрежите се преплавени со различни варијации на оваа фризура, но најпопуларен е класичниот стил. Започнете со извртување на поединечни прамени додека другите ги оставате исправени. Врзете ја косата во неуредна пунџа, но извлечете ги предните прамени.


После тоа, фиксирајте ги прамените со шноли и испрскајте со лак. И тоа е тоа. 

Pammy updo е идеален избор на фризура и за забави и за работа.


извор:stil.kurir

Ја скратија косата и се преродија: Жените „се плашат“ од вакви трансформации, но кога ќе ги видите нивните насмевки и вие ќе посакате ваква промена

8 најбарани фризури моментално: Бришат години и се одлично есенско освежување (ФОТО)