Најдинамичниот Range Rover Sport ги пречека учесниците на ‘‘Самитот на Македонија 2025’’

Добивај вести на Viber

Аутомобили Гроуп поддржувач на седмото издание на ‘‘Самитот на Македонија 2025’’

Аутомобили Гроуп, официјалниот импортер и дистрибутер за Jaguar и Land Rover во Македонија го поддржа “Самитот на Македонија 2025” кој се одржува во хотел Мериот од 7 до 10 ноември, а за време на истиот во надворешниот дел од хотелот го изложи најдинамичниот модел Range Rover Sport.

Тридневниот самит е најавен како водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство. За време на самитот ќе бидат спроведени дебати, за развој на Македонија во регионален центар за паметни технологии и значењето на странските инвестиции. Покрај тоа на настанот ќе бидат разработени и најдобрите практики на економски успешните мали земји. Најавени се повеќе од 400 учесници на самитот Македонија 2025 меѓу кои дипломати, бизнисмени, директори, академици и деловни експерти од дијаспората, претставници на меѓународните организации, како и банки.

Токму затоа најдинамичниот Range Rover Sport ќе ги пречека учесниците на самитот, бидејќи  е дизајниран за да импресионира. Возилото ќе биде изложено пред хотел Мериот Скопје за време на целиот самит, a доколку сакате уште подобро да го запознаете или пробате овoj модел, направете го тоа веднаш кај овластениот увозник – Аутомобили Гроуп на ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје.