Најдобри сопрузи во Зодијакот, онакви какви што ги сакаат жените: Не помислуваат на измама и прават сѐ за среќна партнерка

Добивај вести на Viber

Кога барате партнер кој потенцијално може да биде ваш сопруг, не е лошо да се „консултирате“ и со астрологијата. И кога станува збор за тоа, мажите кои се лојални, на кои може да се потпрете и кои на тој начин прават совршен сопруг, се родени во еден од следниве хороскопски знаци.

Бик 

Мажите родени во знакот на Бик се сигурни, искрени, романтични и многу добро знаат како да ја израдуваат својата сопруга и да се чувствуваат сакано. Обично сакаат стабилни врски, а кога се во брак, уште повеќе се трудат да ја одржат таа стабилност. Тие навистина даваат се од себе партнерот да биде среќен и „размазен“.

Лав 

Припадниците на „посилниот“ пол родени во овој знак се лојални на сржта и се во состојба да ги разберат другите, што е многу пожелно во бракот. Кога имаат сопруга покрај себе, ја опсипуваат со љубов и внимание, сакаат да ја разгалуваат со подароци, да ја носат на шопинг, да планираат заедничко патување ... Покрај тоа, тие секогаш се најголемата поддршка на партнерот.

Рак 

Тие сакаат сè во врска со љубовта, се неверојатно романтични и уживаат да поминуваат време со својот партнер. Тие се многу емотивни, сакаат да ја опсипуваат партнерката со внимание и се обидуваат секогаш да имаат квалитетно време со неа. Тој ќе стори сé за да ја направи среќна жената што ја сака.

Риби 

Мажот роден во знакот Риби сака да ги задоволува другите и да ги прави среќни, а тоа е уште поизразено кога станува збор за партнер. Тој е секогаш тука за својата мила, да ја поддржува и да и дава сила кога е потребно, ќе има рамо за плачење и сè што бара ситуацијата, само за да ја задоволи.