Најдобрите деловни фустани за дами над 50 години: Покрај тоа што се елегантни и модерни, тие се и удобни за секојдневно носење
Инспирирајте се од овие елегантни и безвременски модели на летни фустани
Доколку сте повозрасна дама и немате инспирација што да облечете во текот на летото на работа или за на прошетка низ град, кафе со пријателите, погледнете ги овие предлози кои ги одбравме.
Со оглед на тоа дека повеќето луѓе речиси цела работна недела ја поминуваат на работа, при купувањето најчесто ги избираме работите кои се најадекватни и најсоодветни за тоа. Секако, се зависи од природата на работата, но овие фустани можете да ги носите за викенд кога ќе одите на прошетка низ град, можеби дури и на некоја прослава.
Овој пат како парче облека избравме фустани бидејќи некако го комплетираме целиот стајлинг со нив. Додадете чевли, соодветен накит и спремни сте за излегување!
1. Фустан со преклоп со ремен
Овој маслинест сафари фустан со ремен ја истакнува вашата половина. Не ја следи линијата на телото, па затоа е одличен за прикривање на сите несовршености. Монохроматски, поради што е одличен за комбинирање со впечатлив накит и чевли. Совршено се вклопува со овие корални и беж нијанси на додатоци и чевли.
2. Меки ленени фустани
Ленот е исклучително пријатен материјал на високи температури, памукот исто така. Морнарските пруги се навистина актуелни секоја сезона, но можете да си играте и со некои бои. Идеален е кога ќе се судрат удобноста и стилот и како резултат на тоа добивате совршена облека во која ќе се чувствувате одлично.
3. Фустан со дезен
Има навистина широк асортиман на модели со дезени и различни видови материјали, па тешко е да се одлучите само за еден. Цветовите се нешто што се поврзува со летото, убавото време и се чини дека го повикува сонцето. Понудата е навистина богата, затоа изберете нешто што е најпримамливо за вашиот вкус.
Фото: unsplash/pinterest