Најдобрите и најлошите татковци според хороскопот
Иако е вистина дека нема двајца исти луѓе, ниту двајца родители се исти, клучот за тоа дали вашиот партнер ќе биде татко оd вашите соништа можеби е запишан во ѕвездите.
Имајќи предвид дека целокупното добро родителство најмногу зависи од неколку основни квалитети - трпение, сигурност и лојалност, невозможно е со сигурност да се каже дали некој знак ќе биде добар родител или не, но може да се каже кој од нив поседува квалитети што го прават неверојатен со деца.
Не е сеопфатна анализа, но со оглед на особините по кои е познат секој знак, еве кој е најдобар, а кој најлош родител врз основа на хороскопските квалитети:
Најдобриte татковци според хороскопот
Рак
Со неговата лесна природа, претпочитање за семејството, безбедноста и домот, како и неговата неверојатна способност за сочувство, мажот Рак може да биде неверојатен татко. Секако и тој знае да се налути понекогаш, но генерално, татковците Ракови се исклучително лојални, целосно присутни, посветени и понекогаш подготвени да бидат строги ако се појави потреба.
Вага
За некого може да биде изненадување, но мажот Вага всушност може да биде неверојатен родител. Вагите се толку склони да создаваат убавина и хармонија во нивните животи што ги градат некои од најсилните односи со своите деца.
Девица
Мажот Девица може да биде неверојатен татко бидејќи Девиците генерално се многу загрижени за благосостојбата на оние што ги сакаат. А кога се во прашање нивните деца, нивните квалитети се уште повеќе нагласени. Тие одат на секоја родителска, никогаш не пропуштаат фудбалски натпревар или претстава и постојано размислуваат како да го направат животот на своето дете позабавен, интересен и попривлечен.
Најлошите татковци според хороскопот
Водолија
Иако, се разбира, тоа можеби не важи за секој маж Водолија, но кога станува збор за карактеристиките на знакот, воспитувањето деца едноставно не е во нивната природа. Не е дека татковците во знак Водолија се намерно незаинтересирани родители, но тие често се толку фокусирани на проекти или општествени ангажмани и работа воопшто што напорната работа на родителството понекогаш може да им изгледа како потешкотија, а понекогаш и предизвикувачко искуство.
Риби
На површината, се чини дека мажот Риби треба да биде одличен татко. Но, во реалноста, тие се толку често склони кон сопствените потреби што не е секогаш природно за нив да бидат доволно несебични за добро да го воспитаат детето. Рибите можат да бидат одлични родители кога се целосно задоволни со тоа каде се во животот. Но, ако тие се несреќни, нивното внатрешно размислување и мечтаење едноставно нема да се пренесе добро на детето.
Јарец
Озлогласената ригидност на мажот Јарец е карактеристика што го прави родителството воопшто да не е природно за нив. Нивните срца се на вистинското место - тие навистина сакаат да бидат добри и одговорни родители, им се допаѓа идејата за тоа - но обидувајќи се да изгледаат како забавни, безгрижни родители, Јарците на крајот се судираат со сопствената ригидност и несигурност. Генерално, родителството може да биде многу тешко за нив.
Извор: www.24sata.hr