Најдобрите соработки на H&M со светските дизајнери!

Добивај вести на Viber

Сите славни соработки на брендот H&M !

Каде и да патувам низ светот, и со последните пари спремна сум да си купам некое парче облека од H&M, и покрај тоа што дома знам што ме чека… Нина облеки имаш за извоз, па нели ти е доста… Не, не и не! Се што сум купила од овој бренд го имам износено за три животи, и секогаш со огромна радост се навраќам на неговиот моден праг. Типски модни парчиња по пристојни цени.

Но, денес нема да зборуваме за најновите колекции, денес ги издвојувам за вас, најдобрите соработки на H&M со светските модни дизајнери. Она што ми се допаѓа кај овие соработки, е тоа што диктаторите на мода како Лагерфелд, Рустеинг, сакаат да им овозможат на своите верни модни фанови да поседуваат дел од нивните колекции по некоја нормална цена.

1. Карл Лагерфелд 2004-та година

Овој дизајнер беше всушност првиот кој соработуваше со H&M. Неговата колекција се продаде за неколку минути.

2.Стела Меккартни 2005-та година

Следејќи ги стапките на Лагерфелд, оваа британска дизајнерка ја претстави својата препознатлива basic колекција на елегантни сакоа, панталони но и бохо фустанчиња низ модната призма на H&M

3.Виктор и Ролф 2006-та година

Главната инспирација за колекцијата на ова авангардно дуо е всушност инспирирано од магијата на венчалниот фустан.

4.Роберто Кавали 2007-та година

Гламурозно, секси и во стилот на италијанскиот дизајнер Роберто Кавали! Ова беше колекција за силни дами кои се чувствуваат удобно во својата кожа.

5.Commes de Garcons - 2008-ма година

Колекција која изобилуваше со разни принтови, но главно евергринот полка дот принтот.

6.Метју Вилијамсон 2009-та година

Колекција која беше експлозија од бои и принтови, но воедно и првата колекција којашто беше достапна во сите продавници низ светот.

7.Џими Чу- 2010-та година

Оваа party колекција изобилуваше со многу кристали,принтови и кожа. Она што и е препознатливо во стилот на овој дизајнер. Оваа колекција достигна огромен успех.

8. Ланвин -2010-та година

Романтична колекција која не враќа во Париз. И покрај големиот моден предизвик да се пренесе оваа висока мода на самиот бренд во продавниците на H&M, тие преку дизајнираните маички,и модни аксесоари сепак успеа во тоа.

9.Версаче - 2011-та година

Зарем има потреба од најава за оваа соработка? Самиот факт дека се кампуваше денови пред официјалната продажба на оваа колекција, ќе ви стане јасно и за нејзиниот успех.

10.Balmain -2015

Светот буквално полуде по оваа соработка. Се чекаа редици со денови,а на самиот ден на отворањето на продавниците, стануваше збор за масовна модна хистерија.

Ве интересира која е новата светска соработка на овој бренд?

Модниот свет шепка дека оваа година, H&M ќе ги спои своите сили со мега брендот Moschino!

Кој е возбуден?

За Женски Магазин

Нина Беадер

Инстаграм @beadernina