Најдобро спортско – елегантно издание: Викторија Бекам во црна комбинација

Добивај вести на Viber

И овојпат Викторија Бекам не се откажа од своите еднобоини комбинации и едноставно покажа зошто таа е кралица на монохроматските изданија.

Додека излегувала од хотелот  „Ла Ресерв“ каде што е сместена неколку дена, папараците ја фотографирале модната дизајнерка која уште еднаш со својот изглед ја оправда улогата на модна кралица.

Овојпат, Вики покажа фантастична комбинација на спортска мода и висока елеганција. Креаторката прошета во црн фустан, со долги ракави кој во горниот дел потсетува на класичен дуксер, додека во долниот дел доминира класично здолниште.

Овој контраст на лежерно и софистицирано е толку моќен,  така што одамна не сме виделе интересен фустан кој може да се комбинира со патики или салонки.