Најголемиот тренд за 2022 година: Панталони кои уште сега станаа планетарно популарни
Овој модел предизвика поделени мислења.
Доколку сакате ретро стил, но и да ви биде удобно во тоа што го носите, овој тренд ќе ви се допадне.
Кадифените панталони повторно ја освојуваат модната сцена, а веќе се најдоа во колекциите на некои од најпрестижните модни куќи. На овој модел не можеа да одолеат ниту светските трендсетерки, па веќе можевме да ги видиме како гордо позираат во овие панталони.
Најактуелни ќе бидат панталоните од кадифе, висок струк. Како што истакнуваат модните експерти, на сите им стојат одлично, ги издолжуваат нозете и лесно можат да сокријат некој килограм вишок на стомакот. Можат да се носат во различни пригоди и лесно се вклопуваат во сите стилови.
Сепак, додека некои дами се целосно луди по овој модел, други воопшто не се воодушевени.
Во која група спаѓате вие?извор:zenskikutak
фотографии:pinterest