Најмалиот брат на Новак Ѓоковиќ ја запроси својата девојка на Калемегдан: По една година врска, Сашка Веселинов кажа „ДА“ (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Братот на познатиот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ (26) реши да ја запроси својата девојка Сашка Веселинов. Тоа го направи на многу убав и романтичен начин, на Калемегдан.

Ѓорѓе како и вообичаено шетал со Сашка низ градот, а таа не знаела што ќе направи тој таа ноќ. Со пријателите се договорил да ѝ направат изненадување и организирал луѓе кои ќе снимаат.

Во еден момент Ѓорѓе клекнува пред неа и го вади свршеничкиот прстен, како што се забележува на видеото, таа веднаш кажува „да“ и му се фрлила во прегратка, а потоа се гушкааат.

ВИДЕО:

Да потсетиме, Ѓорѓе и Сашка се во врска околу една година. А тие и живееја заедно.

Магнет за жени: Како изгледа помладиот брат на Новак Ѓоковиќ и која е девојката која му го украде срцето

-Многу е интересно бидејќи од првиот ден неофицијално живееме заедно. Живеев во центар во стан под кирија и од првиот ден некако тој беше таму за мене. По дваесетина дена запознавање, отидовме заедно на море и останавме таму две недели. Кога се вративме, дојде кај мене и ми рече: „Не можам повеќе да ги разнесувам работите“, бидејќи зема торба, ја полни со работи за неколку дена, ја носи, па ја менува и така натаму - изјави Сашка неодамна.

извор:zenskikutak