Најмногу милијардери се раѓаат во овие хороскопски знаци: Проверете дали сте меѓу нив

Ни претстои важен астролошки период, а тоа е полната Месечина во Вага на 16 април.

Луѓето кои веруваат во хороскопот велат дека ѕвездите можат да предвидат сè, од нивниот омилен ресторан за брза храна до типот на партнер со кој некој ќе се венча.

А новите податоци сугерираат дека хороскопот дури може да ја предвиди шансата некој да стане милијардер! Од сите знаци, луѓето родени во еден огнен и силен знак се покажаа како најчести милијардери. Се работи за Лавовите.

Од сите милијардери во светот, повеќето се родени во знакот Лав

Самоуверени, храбри и подготвени да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа, Лавовите се многу способни да заработат големи пари.

Истражувачите од британската деловна консултантска куќа „Adview“ откриле дека од сите милијардери на неодамна објавената листа „Fortune 400“ има најмногу Лавови.

Вкупно, на листата имало 28 милијардери кои се Лавови по хороскопски знак.

На второ место е Бикот, со 24 милијардери, потоа Вагата со 23, потоа Водолијата - 22, потоа Близнаците и Девицата - 21, Јарецот и Рибите - 21, Ракот 20, Стрелецот 18, Шкорпијата 6. Најмалку милијардери се Овните, само 12 од нив.

Аналитичарите со години ја следат врската помеѓу месецот на раѓање и успехот. Тие неодамна на Универзитетот во Торонто открија дека бебињата родени во септември имаат најголеми шанси да се чувствуваат самоуверено и да одат на факултет, а најмалку шанси да завршат во затвор.


Фото: unsplash

Пред нас е моќен астро период! 3 хороскопски знаци да се подготват за промени