НАЈПОЗНАТИТЕ НАСЛЕДНИЧКИ НА ЊУЈОРК
Израснати се на свила и на кадифе, се школувале на претсижни свеучилишта, а мажени се за успешни и за имотни мажи. Иако во Америка нема сина крв, постојат семејства кои уживаат кралски третман. Таканаречената аристократиоја на Њујорк е срцето на социјалниот живот на Големото јаболко. Ова се најпознатите наследнички на Њујорк.
Иванка Трамп
Освен што е ќерка на претседателот Доналд Трамп, Иванка е деловна жена, моден дизајнер, ѕвезда на Тв реално шоу, мајка на три деца. Поради својот татко, лани се пресели во Вашингтон. Со нејзиниот сопруг, Џаред Кушнер кој му е советник на Трамп, заедно тежат околу 800 милијарди долари. Прв чекор кон успехот на Иванка беше партнерството со фирма за дијаманти, а потоа пласираше сопствена линија на скапоцен накит, па својата модна колекција, Иванка Трамп ја промовираше во бутикот на Петтата Авенија во Њујорк. Кога не си игра со политика и не се занимава со мода, таа е со своите деца Арабела Роси (6), Џозеф Фредерик (4) и Теодор Џејмс (2).
Дилан Лорен
Таа е ќерка на модниот дизајнер Ралф Лорен, но не продолжи по стапките на татко и. Дилан се одлучи за сладок бизнис, па во 2001 година го отвори продавницата за слатки „Дилан'с кенди бар“. Потоа бизнисот го прошири и во други градови, а целта и е да ја има најголемата продавница за бомбони на светот. Денеска нејзиниот имот се прценува на 50 милиони долари. Таа е мајка на близнаците Копер Блу и Кингсли Реинбоу кои ги роди сурогат мајка. Мажена е за основачот на фондови Пол Арует.
Челзи Клинтон
Единственото дете на поранешниот американски претседател Бил, Челзи Клинтон и на поранешниот државен секретар Хилари, 38 годишната Челзи, се занимава со семеен бизнис. Таа е во одборот на спорните непрофитабилни организации „Клинтон“ и „Клинтон Глобал“. Со докторатот по филозофија и меѓународни односи на Универзитетот во Оксфорд, Челзи секогаш била примерна ќерка. Нејзиното богатство тежи околу 15 милиони долари. Во 2010 година, се омажи за банкарот Марк Мезвински, со кого има две деца: Шарлон и Ејдан.
Александра Али Хилфигер
За разлика од Дилан Лорен, 33 годишната ќерка на дизајнерот Томи Хилфигер, од кога е родена живее лагоден и површен живот. На јавноста и стана позната кога во 2000 година го продуцираше и беше главна улога во реалното шоу на Ем-Ти-Ви „Богати девојки“. Тој проект го работеше заедно со Џејми Глечер, ќерката на основачот на фирма за багаж, „Innovation Luggage“ , чиј имот од 10 милиони долари за Али е ситен џепарлак. Нејзиното богатство се цени со околу 400 милиони. По завршувањето на шоуто, Али стана зависник од марихуана и алкохоличар, а родителите ја пратија во центар за одвикнување. Глечер пак се запиша на Универзитет и паралелно се лечеше од депресија. Во 2017 година, Али се омажи за долгогодишниот дечко Стив Хаш, во венчална креација на татко и, на оствровот Мистик.