Најпрецизниот кинески хороскоп за септември 2022: Некои ќе уживаат во пари, авантури, а други ќе ги преиспитаат емоциите
Кинескиот хороскоп за септември 2022 година ќе ви даде
одлични насоки за да го искористите максимумот од првиот месец од есента.
Месечниот кинески хороскоп открива што да очекувате од септември и на што да обрнете посебно внимание! За некои знаци, дефинитивно, ништо повеќе нема да биде исто.
СТАОРЕЦ (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008 година)
Септември е месецот кога Стаорците ќе доживеат бум во нивните кариери, ги очекуваат незаборавни патувања и промени во нивното секојдневие, а исто така ќе уживаат во бегството од рутината во која западнале. Можно е да им недостига поддршката од партнерот во овие големи животни промени, но ќе испадне дека нема ни да им треба. Одличен месец за дружење со луѓе на позиции.
ВОЛ (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009 година)
Додека сите околу вас се активни во спроведувањето на своите идеи, вие мирно ја истражувате ситуацијата и не брзате со заклучоците. Септември е време за длабоко проучување на моменталната емоционална и финансиска ситуација, како и за правење планови како да ја свртите ситуацијата во ваша корист. Најважно е да не се спротивставуваме на властите, туку да формираме тим од истомисленици и да ја добиеме поддршката од постарите.
ТИГАР (1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010 година)
Колку и да сте желни да се борите за подобра позиција, ѕвездите ве советуваат да престанете - скалата е поставена премногу високо и нема да постигнете успех со брзи акции. За да ги реализирате вашите планови, ви треба повеќе време и помош од луѓе кои ги споделуваат вашите ставови. Во спротивно, ќе треба да потрошите многу време за решавање на некои правни прашања. Би било добро да се фокусирате на стекнување дополнителни финансиски средства.
ЗАЈАК (1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011 година)
Првиот месец од есента со себе носи здравствени проблеми, па доколку имате симптоми на некоја болест - не одложувајте и веднаш консултирајте се со лекар! Исто така, не се оптоварувајте со исцрпувачки диети, доволно е само да го намалите внесот на калории. Некои зајаци би можеле да го променат своето работно место. Ова не е најдобро време од годината да се движите во сосема нов правец, но ќе биде многу корисно да се вратите на старите или да ги обновите старите врски.
ЗМЕЈ(1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012 година)
Одличен период за развивање таленти и вештини, ќе бидете изненадени од вашата способност да импровизирате во тешки ситуации. Во септември ве очекуваат трошоци, најмногу поврзани со членовите на семејството, особено со најмладите. Во бизнисот треба да покажете креативност. Пазете се од расфрланото внимание, поради тоа може да пропуштите некои можности.
ЗМИЈА(1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013 година)
Поголемиот дел од месецот ќе го посветите на некои обврски дома, ќе завршите некои поголеми работи како малтерисување, молерисување... Се чувствувате осамено и тажно, имате потреба од дружење, но тешко е да започнете. Ѕвездите ве советуваат да направите план за цел месец, да започнете хоби, тоа ќе ви го одвлече вниманието и ќе запознаете луѓе кои би можеле да ви станат пријатели за цел живот. Финансиската состојба е критична во втората половина од месецот.