Најромантичното запросување и прстен од кој „боли глава“: Позната манекенка му кажа „да“ на НБА ѕвездата

Добивај вести на Viber

Кошаркарот Кајл Кузма и манекенката Вини Харлоу се верија, а романтичните детали ги споделија на социјалните мрежи со своите фанови

Прославениот НБА кошаркар Кајл Кузма и манекенката Вини Харлоу уживаат во љубовта од 2020 година, а сега се верија.

Романтичното запросување се случи на посебно место - островите Туркс и Каикос, кои Кузма и Харлоу првпат ги посетија заедно во 2022 година, пишува Вог. Тие објавија неколку фотографии од запросувањето на Инстаграм.  

Целата организација била задолжена на кошаркарот кој го покрил целиот авион во кој биле со рози, а потоа почнал да чита песна. 

„За момент помислив колку би било слатко ова да биде предлог, но јас не сум тип на човек кој сака да погодува или да го расипе изненадувањето. Тоа беше само минлива мисла во мојата глава", изјави Вини за Vogue.

Потоа добила прстен со дијамант од 8,5 карати. 

„Всушност никогаш не ја прашав каков прстен ѝ се допаѓа. Сакав да ѝ подарам нешто што ѝ одговара – нешто елегантно, но истовремено безвременско и едноставно“, изјави Кузма.

Интересно е што врската ја започнале пред пет години, но тој првпат ѝ пишал една година порано, но Вини никогаш не ја видела таа порака. Сепак, тој покажал дека е упорен, па повторно ја контактирал и објавил нејзина фотографија и така почнале да комуницираат.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot