Најсексапилната баба на Балканот направи селфи на 71 годинa и ја оправда титулата, која ѝ е смешна! (ФОТО)
Неда Украден замина на краток одмор, а на своите следбеници на Инстаграм им покажа како го поминува времето таму
Неда Украден направи мала пауза помеѓу летните концерти и настапи и замина на море со што им се пофали на своите фанови на социјалните мрежи.
71-годишната Неда на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира во костим за капење, додека целиот изглед го заокружи со сламен шешир и очила за сонце.
„Одмор, но на кратко! Се гледаме во петок на градскиот плоштад во Нови Кнежевац“, напиша Неда на објавата.
„Убава како и секогаш. Една комплетна личност“, „Убавица“, „Неда, убава си“, „Неда, лавица во секој поглед“, „Кратко, но слатко“, „Страсна и неодолива“, „Убава како и секогаш“, заклучија нејзините следбеници.
Иако има 71 година, Неда сè уште изгледа многу младо за своите години. Интересно е што секогаш внимава што носи и сака да ги следи модните трендови. На социјалните мрежи редовно добива комплименти за својот изглед, а интересно е што неодамна призна дека никогаш не се сметала себеси за совршена и откри како во минатото ѝ пречеле килограмите.
„Па, јас отсекогаш сум имала појак задник, а тоа не ми се допаѓаше кога бев помлада, носев подолги јакни и го покривав, а сега многумина носат вештачки додатоци за да им биде што поголем“, изјави пејачката за „Блиц“.
Го доби и прекарот секси баба, а еве како се носи со тоа:
„Таа титула за најсекси баба секогаш ме засмејува, а тоа воопшто не ми пречи, особено што сум многу горда на моите внуци. А зборот баба е најубавиот збор на светот", рече таа еднаш.
Извор: dnevnik.hr