Најслатката Холивудска русокоса шокираше со изгледот: Многумина не ја препознаа - Меган, дали си тоа ти? (ФОТО)
Фото: profimedia
Ја носеше титулата најслатката русокоса на Холивуд, но годините зависност од естетската хирургија целосно ѝ го изменија лицето
Холивудската актерка Мег Рајан е една од познатите личности кои не можат да се помират дека времето минува и дека стареењето е неизбежно. Направила бројни естетски зафати бидејќи не можела да ги поднесе знаците на старост на лицето и телото. Поради тоа често била мета на критики, а потрагата по вечна младост ја чинела и актерска кариера. Операциите ја избришаа нејзината автентичност, а режисерот Џејмс Магнолд откри зошто многумина повеќе не сакаа да работат со неа.
„Таа повеќе не личи на Мег во која сите се заљубивме. Направи премногу. Тоа беше шок за луѓето", изјави еднаш Џејмс Манголд, режисерот на „Кејт и Леополд“. Мег, како и повеќето, започна со филери за усни, но не застана тука.
„Не се само усните. Носот е поинаков, јаготките, ботоксот е повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои зависност од пластична хирургија. Таа не е единствениот пример. Тоа е обично обид да се реши некој вид на лично незадоволство“, објасни пластичниот хирург Марк Робери за „Дејли мејл“ пред неколку години, коментирајќи го случајот со познатата актерка.
Свесна дека отсега ситуацијата ќе биде ваква, Мег заплови во режиските и продуцентските води, додека во 2006-та година посвои девојче од Кина, па по колапсот на нејзината кариера почна повеќе да се фокусира на воспитувањето на своите деца, посвоено девојче и синот што го има од бракот со актерот Денис Квејд.
Фото: profimedia
Таа повеќе не се појавува во јавноста, но не ја пропушти можноста да го поддржи својот колега Мајкл Џеј Фокс кој го промовираше неговиот документарец. Таа облече црвена јакна со карирани панталони и црни чизми, а додаде и црн капут.
Актерката негираше дека направила пластична операција или корекција, а многумина не ја препознаа.
Извор: lepaisrecna.mondo.rs