Најсреќните датуми за секој знак во јуни: Јарците излегуваат од проблеми, а еве кој го чека парична добивка

Добивај вести на Viber


Стрелец

Среќен ден: 18 јуни

Јупитер, кој владее во знакот Стрелец, од 20 јуни ќе биде ретрограден во четвртата куќа од домот, што значи дека семејните односи ќе бидат многу изразени. Старите несогласувања би можеле да се решат, а веќе добрите односи би можеле да доведат до среќни моменти и моменти на искреност.

Совет: Соберете ги вашите сакани околу себе и поврзете се повеќе.

Јарец

Среќен ден: 14 јуни

Ве очекува многу голема промена, а астролозите проценуваат дека ќе биде поволна, иако би можела да биде придружена со моменти на напнатост, нервоза, па дури и кавги. Совет: Бидете пресметани и трпеливи за да не кажете нешто за што ќе зажалите.

Водолија

Среќен ден: 14 јуни

Веројатно ќе бидете ’турнати’ во ситуација да поминете извесно време со непознати луѓе, во поголемо друштво, на забава, состанок и слично, што ќе доведе до социјална вознемиреност во поголема или помала мера.

Совет: Колку и да е непријатно, обидете се подобро да запознавате нови луѓе и да ги практикувате вашите комуникациски вештини.

Риба

Среќен ден: 23 јуни

Веќе креативните Риби сега ќе бидат уште повеќе инспирирани, а соништата и имагинацијата ќе имаат силно влијание врз вас во втората половина на јуни. Покрај тоа, ќе бидете подуховни, но можеби ќе имате потешкотии да ја разберете сета оваа енергија што се 'готви' во вас.

Совет: Направете чекор назад и дајте си време да размислите за вашиот следен потег.



Претходна страна