Животна училница // Приказни
Најтажната фотографија од земјотресот која деновиве го кине срцето: Не постои утеха...
- 10 Февруари, 2023
ФОТО: Фејсбук İstanbul is my dream city
Животот на овој татко, за миг се претвори во пекол.
Оваа фотографија ја покажува целата агонија од турскиот регион Кахраманмарас, а на неа се гледа како татко ја држи раката на мртвата ќерка која е потрупана под урнатините настанати од земјотресот во Турција.
Месут Ханзер седејќи на куп урнатини ја држи раката Ирмак (15), додека таа лежи на кревет покриен со урнатини и бетон.
Неутешниот Ханзер не сака да ја пушти раката на својата ќерка додека спасувачите не ја извлечат.
ФОТО: Инстаграм