Најтренди парчиња оваа сезона: Модели во кајсија боја кои мора да ги имате
Bella официјално го најави стартот на летната сезона со своите нови колекции кои веќе се во продажните салони и секако може да се порачаат онлајн преку Bella Eshop.
Убавото сончево време е совршено за нежни и весели бои, кои ќе го разиграат Вашето секојдневие.
1. Колекција „Касија“ во нежна розова боја
Колекција која со сигурност ќе им се допадне на сите деловни и модерни дами. Нежната кајсија боја е водечки тренд веќе неколку сезони наназад. Деталите и кошулата во мастилна боја се одличен додаток, кој додава смелост на целата комбинација. Било дали ќе изберете панталони или здолниште, палтото ќе се вклопи одлично со двете парчиња.
2. Колекција „Калатеа“ за свечени пригоди
Совршени лелеави парчиња во светкав кајсија материјал, пригоден за свечени пригоди. Комбинација на палто со кратки ракави и лежерно здолниште, како и кошула во иста боја или пак фустан со асиметричен крој.
Од 21 до 24 мај до полноќ во Bella има Празнична Акција - Плати 2 Земи 3, каде најефтиниот производ го добивате за 1 денар. Искористете ја оваа можност бидејќи акцијата се однесува и на старата и на новата колекција. Воедно со секое купување наредниве денови Bella Ве изненадува со подарок заштитна маска со висок квалитет, која е достапна и може да се купи и онлајн.
Среќни празници Ви посакува Bella!