Најубавата кралица на планетата во моментално најмодерното од планетата: Фантастична јакна која би ја посакале веднаш

Добивај вести на Viber

Кралицата Ранија од Јордан важи за најубавата кралица на светот, а оваа дама навистина плени со својата елеганција и посебен, елегантен тип на убавина. Секако, совршениот стил придонесува за нејзиниот впечатлив изглед, практично нема шанси да е неубаво облечена!

51-годишната дама неодамна го посети регионот на Балка за да посети тамошен женски центар, кој нуди програми за економско и социјално зајакнување на жените во руралните области.

Ранија за оваа неформална пригода избра едноставна, лежерна комбинација, а сепак изгледаше негувано и убаво. Кралицата избра јакна во боја на лаванда со ткаенина и кафени копчиња, со ремен околу половината. 

Ова парче всушност наликува на кошула, а овој тип на јакна е многу популарен веќе две сезони и тоа со добра причина. Ако ви здодеаа тексас и кожените јакни или верувате дека тие се едноставно премногу несериозни за работа или состанок, а сепак сакате малку полежерен тип на јакна, тогаш овој модел е совршен избор. 

Ранија е позната по тоа што ужива во испробувањето на новите трендови, но тоа секогаш го прави ненаметливо и мудро избира парчиња - односно се труди да биде модерна, а сепак универзална за да може да го носи во наредните месеци или години. 

Да потсетиме, Ранија е позната по својата убавина и беспрекорен стил, но често се пишува за неа како „највлијателната жена во арапскиот свет“, и како жена која иницирала промени во ова конзервативно општество. 

Таа е во брак со кралот на Јордан од 1993 година, а токму таа влијаела тој да стане престолонаследник наместо неговиот вујко, што доволно говори за тоа колку е способна и колку моќ има.


Таа го запознала кралот Абдула додека тој бил принц на вечера, во време кога работела за технолошкиот гигант „Apple“ во главниот град Аман, а следната година си ветиле вечна љубов еден на друг.

Ранија емногу образована - се школувала на Американскиот колеџ во Каиро, а речиси три децении, поточно откако ја презеде функцијата, активно работи на поттикнување и подобрување на образованието на младите арапки.

„Дури една третина од старт-ап бизнисите во арапскиот свет беа основани од жени. Тоа е повеќе отколку во Силиконската долина. Тоа покажува колку се храбри арапските жени и колку се фокусирани на својата цел, и покрај големите бариери во општеството“, рече еднаш Ранија.


Фото: Инстаграм/Профимедиа

Стил на денот: Иконите на стилот една покрај друга- Која е поубаво облечена?