Највисоката жена на светот за прв пат леташе со авион: Екипажот мораше да отстрани дури шест седишта за Турчинката (ФОТО)

Необична ситуација - во авион екипажот морал да отстрани дури шест седишта поради необичниот патник. 

Се работи за 25-годишната Румејса Гелга - Турчинка која се смета за највисока жена во светот.

Како што пишуваат турските медиуми, Румејса Гелги, по професија адвокат, за прв пат полетала со авион. Оваа 25-годишна девојка патувала од Истанбул до Сан Франциско.

Румејса Гелги е висока 2.156 цм. Растот предизвикан од болеста - Виверов синдром - ѝ донесе влез во Гинисовата книга на рекорди.


Гелги инаку не можела да се качи на авионот кој летал за САД, па персоналот бил принуден да отстрани шест седишта за да се смести специјална носилка за 13-часовниот лет на Турчинката. 



Медиумите во Турција кои го опишуваат случајот со 25-годишната жена, објавија дека Гелги користи инвалидска количка секој ден. Виверовиот синдром, од кој боледува жената, е ретко генетско нарушување кое предизвикува многу брз, абнормален раст на коските на телото и забележителни отстапувања од нормата на составот на телото.


Беспрекорно патување од почеток до крај...тоа беше мојот прв лет, но нема да ми биде последен. Голема благодарност до сите што беа дел од мојата авантура“, напиша Гелги (25) на Инстаграм по слетувањето во Америка.



извор:najzena

Најниската жена во светот престана да расте на 5 години и достигна висина од 63 цм: Многумина ја исмеваа, а денес кога ќе ја видат црвенеат од срам

Лекарите ја отпишаа, а таа има порака која ќе ве расплаче: Марина е најниската жена во Србија