Најженствениот фустан во кој секоја дама се чувствува секси: Омилен меѓу Хајли Бибер и Тамара Калиниќ (ФОТО)
Нејзините фустани се провокативни и женствени, а последното издание на Хејли Бибер не остави без зборови
Полската дизајнерка Магда Бутрум се наметна како совршена спротивност на спортската предимензионирана силуета која владее на модната сцена веќе извесно време, па така стана една од најбараните модни дизајнерки за специјални пригоди.
Нејзините парчиња асоцираат на забава, а во секоја колекција може да се види дека таа размислува за женското тело и дека секоја жена во нејзините парчиња се чувствува женствено и секси.
Нејзините дизајни дефинитивно не се за секого, но кој сака да се забавува навечер, да носи фустан во кој ќе остави впечаток, дефинитивно треба да се одлучи за едно од овие парчиња, а нејзините верни обожаватели се речиси сите најпознати инфлуенсери и ѕвезди, па така и српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ, која освен фустаните на овој бренд, често се одлучува и за костими за капење кои се високо на листата на сите дами кои ја следат модата.
Погледнете ги омилените парчиња во сопственост на познатата модна инфлуенсерка:
Извор: stil.kurir.rs