Најзгодната жена на планетата наполни 44 години, објави видео и никој не останува рамнодушен: „Само мајката природа можела да изваја вакво совршенство“
Една од најсексапилните пејачки во светот Никол Шерцингер го прослави својот 44 роденден, а еве како реши да го помине овој ден.
Годините не и можат ништо, а пејачката старее како доброто вино, па многумина и завидуваат на нејзината витка линија и извајано тело. Никол одлучила својот роденден да го помине џогирајќи на едно од најубавите места на светот, како што вели, во популарниот ски-центар Сент Мориц во Швајцарија.
Пејачката на социјалните мрежи сподели кратко видео под кое напиша емотивна порака.
„Се чувствувам преплавено со благодарност и љубов додека наближувам до уште една година околу сонцето. Трчањето околу едно од најубавите места во светот е токму она што ми треба, да бидам со природата, пред да започне роденденската прослава. Ова е моето среќно место“, напиша Никол.Никол често ја нарекуваат женска божица поради нејзината идеална фигура, која ја има од нејзините млади денови кога пееше во популарната група Pussycat Dolls.
Од 2019 година Никол е во врска со згодниот Том Ајванс, а се запознале на снимањето на едно талент шоу во кое Никол учествувала како член на жирито.
Таа објави и нови фотографии со сегашното момче, а парот не престанува да добива пофалби и убави желби за иднината на врската.
Пејачката порано баш и немаше многу среќа во љубовта, но изгледа дека конечно ја пронајде својата сродна душа. Таа во минатото ги сакаше возачот на формула Луис Хамилтон и бугарскиот тенисер Григор Димитров и тие врски завршија неславно.фото: инстаграм