Накитот на Ребека доаѓа како зачин: Каролина и Кики во најновата кампања на Италијанскиот бренд

Добивај вести на Viber

Италијанскиот бренд за накит, Rebecca, веќе 3 години ја испишува својата стилска приказна на македонскиот пазар, полека но сигурно освојувајќи ги симпатиите на македонските дами како со својот дизајн така и со најновите модни трендови.  

На прекрасните колекции од брендот Rebecca не можат да им одолеат ниту тинејџерките ниту дамите со изграден личен стил, а парчињата накит инспирирани од италијанската убавина совршено прилегаат и делотворно се вткајуваат во секоја модна комбинација: од секојдневна кежуал варијанта, до гламур во деловниот изглед како и вонвременски во свечените пригоди. 

Префинетиот дизајн, кој е главна одлика на секое парче од накитот, специјалните техники на негова изработка, спојот од високо квалитетни материјали и јувелирска умешност – се главната причина поради која за кусо време овој накит се наметна како фаворит и кај македонските дами.

Вистински амбасадор на брендот Rebecca во Македонија е музичката уметница Каролина Гочева – Корубин, која е дел од оваа стилска приказна уште од самиот почеток. Парчиња накит Rebecca носеа и други познати личности од македонската јавност а нивните стилски приказни беа пренесени преку објективите на најпознатите македонски фотографи. Последната кампања на Rebecca ja пренесе објективот на Дарко Мораитов, а за изгледот на Каролина и моделот за тин-линијата на брендот, Кики од Дајте Музика, се погрижија Даниел Николовски, Александар Дадар и Октај Сејди. 

База на италијанскиот шарм и гламур останува Ramstore mall, каде наскоро се најавуваат и новитети, но префинетиот трендовски дизајн дефинитивно не изостанува ниту во новиот салон на Rebecca Македонија East Gate Mall со амбиент креиран за вистинско модно уживање!

Нашата Каролина, дама со изграден личен стил е вистински протагонист на оваа стилизирана приказна и вистинска вљубеничка во накитот Rebecca, која специјално за читателите го сподели своето искуство со италијанскиот бренд.

*  Веќе три години сте амбасадор на Италијанскиот бренд Rebecca за Македонскиот пазар, неодамна со младата актерка Кики од детскиот серијал „Дајте музика“ работевте на последната кампања, па можете ли да ни раскажете како се одвиваше снимањето и да ни издвоите некој интересен момент?

- Искуството ми е исклучително убаво и пријатно, пред сè, затоа што многу сакам да работам со жени, а во случајов многу ми се допаѓа и накитот, и многу парчиња носам и приватно со задоволство. Со Кики се запознавме уште на првото снимање за првата кампања на Rebecca во 2018 каде таа ми кажа дека нејзина огромна желба е еден ден заедно да бидеме дел од ваква кампања. Нејзината желба се исполни а нашиот заеднички ангажман на крајот се исплатеше. Добивме супер кампања со одлична содржина.

*  Со оглед дека можеме да забележиме дека и приватно го носите накитот на Rebecca, како го стилизирате накитот во секојдневните комбинации?

- Сакам едноставни, ненападни, минималистички форми и последниве години сè повеќе ги поврзувам работите што ги носам приватно со она што би го изнела на сцена. Едноставно кажано, сакам работи кои ми „личат на мене“ иако, конкретно за накитот, знам да примам сугестии и од тимот на Ребека и од мојот стилист.

*  Која е вашата  омилена колекција од Италијанскиот бренд Rebecca?

- Не се двојам од ланчето со имињата на моите внуки кое припаѓа на колекцијата MyWorld Silver кое често знам да го искомбинирам со ланче со иницијалот „К“ кој го добив за подарок од своја драга пријателка. А, од последните колекции омилено ми е смарагдно зеленото ланче од колекцијата Palermo, и секако раскошната привлечност на бисерниот накит кој исто така е од линија на безвременската колекцијата Palermo. 

* Изминатиов период имавте низа настани, бевте дел од 85 годишниот јубилеј на една од најуспешните компании во регионот ,,Алкалоид АД’’ Скопје, го отворивте 42-то издание на Интернационалниот филмски фестивал Браќа Манаки, одржавте и онлајн концерт во живо од Пелистер, со оглед дека стилистката Цаци Паковска е задолжена за стајлингот на вашите настапи, јавноста не остана рамнодушна на секое Ваше издание, она што не можеше да остане незабележано е дека вашиот префинет и модерен изглед на сите овие настани беше надополнет со накит од Италијанскиот бренд Rebecca, дали изборот на парчињата беше ваш?

- Позната сум како лојален соработник, па за стајлингот со години наназад се грижи моја Цаци, која ме познава одлично и секогаш за многу кратко време наоѓаме нешто коеодговара на приликата и секако на моето моментално расположение. И на крај, накитот на Ребека ни доаѓа како зачин на тоа што сме го смислиле. Ова важи за сите горенаведени настани, а и за тие што доаѓаат во блиска иднина.

* ПР - објава