Наместо да ги бришете солзите од лицето - избришете ги луѓето од вашиот живот кои ве расплакале: 10 заповеди на силните жени
Во денешно време сè уште е тешко да се биде самостојна жена. Без разлика на полето на животот, секоја жена секојдневно наидува на бројни предрасуди. Сепак, секоја од нив има некои карактеристики на силни жени, еве за кои зборуваме.
Силните жени често се гледаат како самоуверени. Тие се директни во своите желби и потреби, па поради тоа многу луѓе често погрешно ги перцепираат. Овие жени се екстремно сложени и постои можност животот да им ја создал потребата да бидат непопустливи и страсни на начин што другите можеби не го разбираат. Иако разликите меѓу мажите и жените на лидерски позиции се намалуваат, сепак сведоци сме на релативно значајни нееднаквости меѓу нив.
Ви пренесуваме неколку заповеди на силните жени:
-Никогаш не се расправајте со идиот - тој ќе ве спушти на своето ниво, а потоа ќе ве дотепа со своето искуство.
-Никогаш не фрлајте со кал по маж. Можеби нема да долета до него, но ќе остане на вашите раце.
-Никогаш не се сомневајте во вашата привлечност. Запомнете: вагата лаже, луѓето завидуваат, а огледалото е целосно искривено
-Не им се јавувајте на оние што не ви се јавуваат и не чекајте ги оние што не ве чекаат.
-Ако ви кажале дека ви поминал возот, запомнете дека има и авиони и бродови.
-Запомнете: добрите работи почнуваат да се случуваат кога ќе се оддалечите од негативните луѓе.
-Наместо да ги бришете солзите од лицето - избришете ги луѓето од вашиот живот кои ве расплакале. Не дозволувајте туѓите постапки да го уништат вашиот внатрешен мир.
-Никогаш не се враќај назад - таму сè е непроменето.
-Никогаш не се споредувајте со другите. Не споредувајте: здравје, сопруг, деца и плата.
-Ако на пат не го сретнете својот рамноправен или подобар, продолжете го патувањето сами. Нема пријателство со будали.