Наместо Дедо Мраз, дојде Ајронмен: Борко Ристовски го изненади синот (ФОТО)

Ова е периодот од годината кога сите дечиња се возбудени за доаѓањето на Дедо Мраз, и исполнувањето на новогодишните желби.

Но наместо Дедо Мраз, кај синот на голманот Борко Ристовски дојде суперхеројот Ајронмен. Имено малиот Душан не можеше да си поверува дека суперхеројт му е на гости, додека заедно позираа пред елката.


Ова дефинитивно беше новогодишен подарок кој ја исполни желбата на синот.

Фотографии сподели и мама Нина.


- Душан е дете кое е полно со енергија, дете кое знае во пет минути да го ишкрта ѕидот и во следната минута да дојде да ве гушне и да заборавите на се - раскажа Нина во претходно интервју за Женски Магазин.

Очигледно Душан е голем фан на суперхероите, па пред некое време се фотографираше до Дедо Мраз, а носеше тренерки од Спајдермен.