Наместо со мене, парите ги броеше со мајка му: Бремената невеста пред развод

Добивај вести на Viber

Оваа млада девојка од Белград, остана бремена од своето момче, одлучија да направат свадба, а потоа следува нејзиниот пекол. Ова е исповедта на Нина А.: 

„Мојата свадба од страна на мојот (поранешен) сопруг почна да го губи компасот од самиот почеток, од местото каде да се прослави свадбата...од ресторан за 30 гости, каде ќе бидат нашите семејства, кумови и блиски пријатели, дојдовме до сала за 150 луѓе!

Локација Ада Циганлија, во близина на црквата, блиску за повеќето гости од Белград. Ќе почнам од договорот помеѓу мене и мојот сопруг дека се договоривме гостите да донесат пари во плик, колку што се во можност, да се вметне пликот во кутија, која се наоѓаше пред нашата маса.

На нашата маса, до невестата седи кумата, а до младоженецот седи кумот. Свадбата беше на самиот почеток, го чекавме матичарот. Во меѓувреме, сопругот ми кажува дека на нашата маса ќе седнат неговиот брат и неговата девојка, а дојде поранешната девојка на кумот. Па каде да застанат сите?

Значи кумот и поранешната во центарот, и јас, која сум невеста, на крајот! Девојката на брат му облечена во бело, а нели само невестата треба да е во бело, колку невкусно.. Јас тогаш бев во 4-тиот месец од бременоста, стоев таму и ги испраќав гостите бремена, а мојот сопруг отиде итно до тоалет и никогаш не се врати. Кога видов дека ги брои парите, не ми беше добро.

Кога погледнав на масата - како во затвор - пликовите се кинат, има две жени, од кои едната е мојата свекрва, која брои пари! СВЕКРВАТА ГИ БРОИ ПАРИТЕ НА МЛАДИТЕ! На што личи тоа?! Го гледам и си мислам ајде пијан е, не знае што прави бидејќи пиеше. Наскоро се приближив до масата на мојот сопруг и свекрва, а менаџерката ми кажа: „Добро е, ви благодарам".

Ја прашувам жената што е во ред? Таа вели дека свадбата е исплатена. (Пред свадбата беа дадени однапред само 500 eвра, остатокот од исплатата требаше да биде по свадбата). Прашувам како ја плативте свадбата, тој ми вели - па со парите од свадбата. Парите од свадбата девојки, подароците од гостите, младоженецот ги брои со неговата мајка! Каде и кога сте слушнале вакво нешто?!

Јас само промрморев толку ужасно: „Не можам да поверувам", се свртев и отидов на другата страна од салата со мојот пријател. Првата брачна ноќ ја поминав во плачење. Келнерите им ја спакуваа тортата од свадбата да си ја однесат дома. Јас повторно бев во шок, зедоа се што можеа.

Првата брачна ноќ ја преплакав и знаев дека денес го запознав мојот сопруг во вистинско светло. Ако го знаев тоа пред свадбата, никогаш немаше да се омажам за него. Глумата е чудо луѓе, но маските секогаш паѓаат! Колку пари добивме тогаш не дознав никогаш! Проблемите во бракот започнаа од првиот ден по свадбата. Мојот сопруг ме оставаше сама, одеше кај мајка му и неговото друштво. Психички, бев сè повеќе и повеќе убиена секој ден.

Тој ме исфрли со мало бебе. Не сакал таков живот, како во кафез ... Потоа излегуваше и се враќаше доцна во ноќта, а јас бев сама со мало бебе. Еднаш претера и не исфрли со синчето од станот од 30 метри квадратни, во кој живеевме како кираџии. Го пријавив во полиција, и од таа ноќ започна едно психолошко насилство.

Додека го пишував ова се вратив назад во тоа време и навистина се вознемирив, но добро е да слушнат сите, за младите девојки да не се залетуваат.

Не е се во парите, но сметките не се плаќаат со љубов. И не е нормално 30-годишен човек да ја слуша неговата мајка што му кажува, и секогаш да бега кај мајка си ?!  Мојата приказна е таква - се омажив од љубов и се беше за никаде.. И денес сум самохрана мајка, која е во шок поради вистинското лице на нејзиниот поранешен сопруг. Чекам конечна одлука за развод од судот.“