Напишал тестамент месец дена пред смртта: Тозовац имал куќа и два стана-кој ќе ги наследи?

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац, кој почина како последица од коронавирусот на 85-годишна возраст, напишал тестамент еден месец пред смртта - наводно, сè што имал и оставил на сопругата Емилија. Познатиот пејач, како да претчувствувал, инсистирал да склучат граѓански брак, а потоа и официјално да и го  остави својот имот.

- На почетокот на годината и рече на жената дека се поставува прашањето колку ќе живее и затоа мора да напише тестамент. Емилија се изнервира што зборуваше такви работи. Таа му рече дека е рано за тоа. Сепак, тој самиот повика адвокат и заврши сè пред неговата смрт. Тој на сопругата и нејзината ќерка Сања, кои ја сакал како дете, им рекол дека желба му е да им остави сè на нив. Ги замоли да се грижат за недвижниот имот што им го оставил и да не продаваат сè што стекнал. Сања тогаш плачеше и му рече дека најважно и е да бидат сите заедно - наводно рекол извор за српските медиуми.

Кумот на венчавката на пејачот Рале Ранџеловиќ потврдил дека Тозовац и оставил сè на својата сопруга и нејзината ќерка.


FOTO: PRINTSCREEN YOUTUBE/TVKOPERNIKU

Откако по 40 години се ожени за љубовта на неговиот живот, ја загуби битката со ковид-19: Почина легендарниот Тозовац