Направена е пица која го продолжува животот?
Италијанските научници и готвачи велат дека направиле пица која спречува појава на рак и срцеви заболувања.
Пицата Паскалина е направена во Неапол, а ја нарекуваат „пица која го продолжува животот” и „антитумор пица”.
Научниците од Националниот институт за тумор во Милано изјавиле дека оваа пица можете да ја јадете два пати неделно. Таа е направена од тим на истражувачи, угостители, произведувачи на храна и консументи. Тие се надеваат дека ќе ги охрабрат луѓето да се хранат здраво и ќе им покажат дека пицата може да биде здрав оброк.
Тестото е стандардно, од бело брашно, а на него се наоѓаат шери домати, маслинки, маслиново масло, лук, чили и рапини – лиснат зеленчук. Овие здрави состојки го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и неколку типови на рак на дигестивниот систем.
Пицата е направена од состојки од медитеранската кујна за која се знае дека има добро влијание врз здравјето на човекот. Специјалитетот ќе се продава во текот на фестивалот за пица во Неапол.