„НАПРАВЕНИ СЕ НИЗА ПРОПУСТИ“, НЕФОРМАЛНО ДЕБАТИРААТ ДОКТОРИ ЗА СМРТТА НА ЈАНА: Од гликемија 19 не се умира, но се умира од кетоацидоза

По објавен статус на д-р Ненад Лазаров на Фејсбук во кој наведува дека од гликемија 19 не се умира акутно, повеќе негови колеги се впуштија во претпоставки за тоа што можело да предизвика смрт кај малата Јана која завчера за само четири часа откако била примена на детското одделение во Клиничка болница Битола, почина.

Дел од коментарите се дека најверојатно се направени низа пропусти, а некои од колегите на д-р Лазаров претпоставуваат дека настанале компликации кои за 6-годишната Јана беа фатални.

Докторка од Кратово во еден од коментарите пишува:

-Зависи како е третирана хипергликемијата колега… до сега шпекулациите се дека е дадена гликоза, па даден инсулин, без готов електролитен статус, ацидобазен статус… брзо настапил кардиак арест штом анестезиолози правеле реанимација…


Деталите читајте ги на Фактор тука.

ФОТО: bolnicabitola.mk