Направете си маска за коса - ќе биде сјајна и со убав изглед

Добивај вести на Viber

Маслиновото масло нуди многу здравствени придобивки и прави чуда од кожата и од косата.

Ова масло е одлична состојка за хидратација на косата и нејзина нега, па помага во низа проблеми со косата и кожата, посебно ако го искористите како дел од маска со додавање на природни состојки за нега.

Ако имате испукани врвови на косата, изберете ја маската со авокадо.

Потребно ви е 1 зрело авокадо, 2-3 лажички маслиново масло, 1 лажичка мед и јогурт. 

Авокадото исечкајте го на помали коцки, а потоа со маслиновото масло , медот и јогуртот, ставете го во блендер. На влажна коса нанесете ја маската, почнувајќи од коренот на косата кон врвовите. Оставете да стои 40-45 минути. Добро измијте, со помош на шампон и регенератор како што секогаш ја миете косата.