Направете си маска за мека и сјајна кожа

Добивај вести на Viber

Пилингот од зелен чај  може да се користи на вашето лице и тело. Уште подобро е тоа што пилингот е евтин, а неговата подготовка трае 5 минути. 

Потребни состојки:

- 1 голема лажичка рефус зелен чај

- 1/2 шолја шеќер

- 1 лажичка маслиново масло

- 5-10 капки етерично масло (по желба)

Помешајте го шеќерот со листовите зелен чај. Потоа, додадете го маслиновото масло и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Ваквиот пилинг треба да се чува на суво и темно место, а истиот има рок од 4 месеци.