Нашиот син нема да ја доживее 20-тата година: Исповед на родители чие дете има Алцхајмер

Добивај вести на Viber

21 Септември - светски ден за борба против Алцхајмерова болест!

Индепендент ја пренесува приказната за двегодишното дете од Стафордшир кое боледува од редок облик на Алцхајмерова болест. 

На Реџи Грифитс кој има две години му бил дијагностициран Санфилипов синдрон, а пациентите кои ја имаат оваа болест не доживуваат старост. 

Неговата мајка Ребека, која има 25 години потврдила дека дијагнозата му била утврдена во јануари и дека и било посочено дека нејзиниот син нема да ја доживее 20-тата година. 

Откако педијатарот забележал дека со него нешто не е во ред, Реџи бил пренесен во болница во Бирминген.

„Веста ме погоди. Но потоа решив да се смирам и да мислам на другите деца кои ги имам. Тој полека ќе умира. Прво ќе биде прикован за количка, потоа за кревет. На крајот веќе нема да може да јаде. Полека ќе се соочуваме со секој нов проблем. Сега сакам со него да создавам убави спомени. Нема поента уште сега да почнам да се распаѓам“, изјавила Ребека. 


Пациентите со оваа дијагноза најчесто го губат слухот, имаат проблеми со однесувањето и заостануваат во развојот. Реџи е еден од најмалите пациенти со ваков тип на Алцхајмерова болест и тоа во семејство, во кое не постои историја на оваа болест. 

Таткото на Реџи, Џејк (27) започна кампања за собирање на финансиски средства за истражување на оваа болест.

„За мене ова претставува мала утеха дека можеби во иднина ќе се најде лек за оваа болест. Знам дека постојат експериментални програми, но не сакам Реџи да поминува низ тоа искуство. Сега сме фокусирани да му го пружиме најдобриот можен живот и да уживаме додека е со нас“, кажал Џејк.