Настапот на Селин Дион на отворањето на ОИ во Париз е однапред снимен, тврдат музички експерти: „Веднаш можете да слушнете, невозможно е така да звучи во живо“
Прекрасниот настап на славната Селин Дион на отворањето на Олимписките игри на 26 јули во Париз е однапред снимен, тврдат експерти за францускиот весник „Либерасион“. Што ги поттикна на вакви обвинувања и како реагираат организаторите на познатиот спортски настан? Легендарната пејачка која се бори со неизлечива невролошка болест се уште не објави ништо.
Селин Дион ја изведе „Hymne à L'amour“ (химна на љубовта) пред Ајфеловата кула на свеченото отворање на ОИ. Тоа беше кулминација на раскошната церемонија на отворање на брегот на Сена, рече францускиот претседател Емануел Макрон дека е „емоционална кулминација“ на спортската екстраваганција.
„Технички е невозможно“
Вчера „Либерасион“ ги објави изјавите на музичките експерти кои велат дека настапот на Селин Дион несомнено бил плејбек.
Организаторите на ОИ одбија да ги коментираат ваквите тврдења, откако претходно инсистираа дека Селин Дион пее во живо.
„Она што го слушнавме на телевизија беше поправена репродукција“, рече композиторот и пијанист Етјен Гери.
Еден инженер за звук кој побара да остане анонимен рече: „Тоа беше 100 проценти репродукција, можете да го слушнете од првите ноти“. Други додадоа дека „без сомнение“ настапот е однапред снимен, а истото го мислат и за пробата на славната пејачка.
Музичарот, кој според Јутјуб се нарекува Wings of Pegasus, истакна дека пробата и подоцнежната изведба звучеле сосема исто, што е технички невозможно, бидејќи секогаш ќе има варијации помеѓу било кои две верзии на песна изведена во живо.
Настапот на Олимписките игри беше оценет како триумфално враќање на големата Селин Дион, која се бори со синдромот на вкочанета личност. Обожавателите реагираа со ентузијазам на нејзината изведба на песната што некогаш ја пееше Едит Пјаф.
Селин пред настапот изјави дека ќе се врати на сцената дури и ако треба да ползи. „Мојата цел е повторно да ја видам Ајфеловата кула“, рече таа. Околу 104.000 луѓе платиле билети за церемонијата на отворање, а најдобрите седишта чинат повеќе од 2.500 фунти.
На церемонијата настапи и Лејди Гага, но беше кажано дека нејзиниот настап е претходно снимен додека се најавуваше дека Селин Дион ќе пее во живо.
Познатата Селин во четвртокот преку Инстаграм објави дека настапот во живо е достапен на платформите YouTube и Spotify, пишува Daily Mail.
„Не можев да пеам, ја молев публиката да пее со мене“
Селин Дион зборуваше пред четири месеци во интервју за Хода Котб за NBC News за тоа како неизлечивата невролошка болест, синдромот на вкочанета личност, со која се бори, влијае на неа. Музичката легенда по две години за прв пат на малите екрани зборуваше за оваа болна тема.
„Тоа е како некој да те дави. Тоа е како некој да ви го турка грлото", раскажала како болеста ја погодува додека пее. Познатата пејачка во 2022 година објави дека боледува од синдром на вкочанета личност и оттогаш трае нејзината голема борба.
Музичката ѕвезда победи на Евровизија на 20 години, а има продадено повеќе од 200 милиони плочи. Таа изјави дека на почетокот на нејзината кариера главата и била во облаци. Проблемите настанаа на настапот во 2008 година кога ја изгуби контролата. Имаше чувство дека не знае да пее. „Колку повеќе паничиш, толку повеќе ти се стега грлото“.
„Менаџерот не знаеше што да прави. Беше во несвест, излегов на сцената и звучев повеќе назално“, додала таа. Тие наоѓаа начини како да звучи подобро.
Имаше настапи кога Селин ќе речеше дека микрофонот и е скршен или ќе побара од публиката да пее заедно со неа. „Се обидував да преживеам. Дозволив луѓето многу да пеат со мене“. Таа истакна: „Морав да лажам. Не знаевме што се случува. Не направив пауза. Требаше да престанам. Да одвојам време за да разберам се. Мојот сопруг исто така се бореше за живот“.
Фото: Принтскрин/ ЈутјубИзвор: Zena.blic.rs