Наташа Беквалац откри како ѝ е без партнер: Нејзините љубовни совети ќе ве насмеат
Како и секогаш, Наташа искрено одговараше на прашањата, но даде и интересни совети, во нејзин стил.
Популарната пејачка Наташа Беквалац одговараше на прашањата на своите следбеници на Инстаграм, а со еден љубовен совет насмеа многумина до солзи.
- Флертува со мене маж кој има жена и дете. Што да правам? - Некој ја праша пејачката, а таа даде јасен, но и смешен одговор.
- Прашај ја жена ти - рече Наташа и додаде неколку емотикони кои плачат од смеа, а нејзините следбеници се забавуваа од љубовните совети на пејачката.
- Како е без маж? - ja праша некој Наташа, алудирајќи на фактот дека немала партнер повеќе од две години или барем јавноста не била запознаена со маж во нејзиниот живот.
Цветам - порача кратко, но јасно русокосата пејачка.
- Што сакаше многу, а никогаш не го стори? - ја праша некој друг.
- Да останам во брак - одговори Беквалац во свој стил и ги насмеа сите.