НАУЧНИЦИ ДОКАЖАЛЕ: Мажите живеат подолго ако се оженети со интелигентна жена
Секогаш имало дилеми дали мажите сакаат да имаат убава или интелигентна жена покрај себе? Кој е пресудниот фактор?
Научниците дошле до многу интересен заклучок кој еднакво ќе ги интересира и жените и мажите. Имено, студијата покажала дека жените со голема интелигенција и остар ум може да го продолжат животот на мажите. Покрај тоа, помагаат во спречување настанување на деменција.
Општо е познато дека интелектуално стимулативните игри спречуваат појава на овие болести бидејќи ја стимулираат работата на мозокот. Значи, логично е партнерот кој често го поттикнува вашиот интелект да има огромно влијание на развојот на вашите когнитивни способности.
„Што би требало да направи мажот за да живее подолго? Едноставно, да ожени интелигентна жена. Не постои подобра превенција на деменцијата отколку интелигенцијата“, рекол Лоренс Вејли професор за ментално здрваје од Абердин Универзитетот.
Девојките кои имаат висока интелигенција стануваат одговорни и независни жени. Мажите кои ја поседуваат оваа особина исто така воспоставуваат здрави односи со жените и создаваат згодно семејно опкружување за својата жена и деца.
За жал идејата убавината на жената да се вреднува повеќе од интелектот останува. Но, ова истражување докажува дека личноста која се грижи за интелигенцијата на партнерот ќе биде во подобра положба да се грижи за својот физички изглед и ментално здравје. И тоа позитивно би влијаело на околината во целина.