НАУЧНИЦИ: Заразените од коронавирус остануваат носители на болеста и по опоравувањето

Добивај вести на Viber

Новиот коронавирус може да преживее во телото најмалку две недели откако симптомите на болеста ќе исчезнат, а пациентите, најверојатно, не се многу заразни во периодот после престанувањето на симптомите, покажува кинеска студија.

Веста за опстанок на вирусот по престанокот на симптомите можеби не е лоша вест затоа што човечкото тело развива отпорност на вируси кои опстојуваат во него подолго време, вели Крис Џонсон, епидемиолог во Институтот за јавно здравје при Универзитетот Темпл.

„Ако вирусот се задржи во човечкото тело, можеби нема повторно да ја добие инфекцијата“, вели таа.

Новата студија, објавена во магазинот „ЈАМА“ во четвртокот, на 27 февруари, следеше четворица медицински професионалци на возраст од 30 до 36 години кои развиле КОВИД-19, болест предизвикана од новиот вирус на корона. Тие биле третирани во универзитетската болница Јонгнан во Вухан од 1 јануари до 15 февруари. Сите четворица закрепнале а само еден пациент лежеше во болница за време на болеста. Тие биле третирани со оселтамивир, подобро познат под трговската марка „Тамифлу“.


Повеќе информации прочитајте на Фактор.мк